Георгина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, објави фотографија со која ја потврди веста за бременоста.
После шпекулациите за нејзината бременост, 23-годишната Георгина реши да ја открие убавата вест со фотосесија за магазинот Hola.
Освен фотографиите во тесно црно фустанче, под кој се гледа трудничкото стомаче, младата манекенка во интервјуто призна дека едвај чека да стане мајка.
Покрај другото, открива дека 15 години тренирала балет, што и помогнало многу во животот, затоа што научила да биде дисциплинирана и тоа ја научило на различни лекции за животот.
Инаку, Роналдо го има синот Кристијано Роналдо Јуниор, а минатиот месец ги доби и близнаците Ева и Матеа.
Георгина за медиумот открила дека таа носи девојче и е во петтиот месец од бременоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.