Позади кулисите на Самитот на лидери на Јадранската повелба во Подгорица, премиерот на Македонија со американската делегација договорил ново име за Македонија за што побрз влев во НАТО, пишува информативната агенција „Спутник“.
Заев од Американците побарал и подршка за спроведување на референдум за промена на името бидејќи се плаши од немири.
Македонскиот премие Зоран Заев вчера на Самитот во подгорица позади затворени врати на потпретседателот на Америка Мајкл Пенс му го претставил планот за промена на името Македонија, дознава Спутник, од извор близок на на македонската делегација.
Заев пред Пенс изнел неколку предлога за ново име на Македонија, со што Република Македонија во иднина би можела да се вика “Горна Македонија“, “Северна Македонија“, или “Република Македонија –(Скопје)“
-Како што дознаваме, Пенс го информирал Заев дека Грција е согласна со понудените предлози, пишува „Спутник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.