| четврток, 6 декември 2018 |

Четири фустани кои ќе го одбележат летото

Можно е да се најде фустан за сите прилики – за дневни варијанти, но и за свечени вечерни излегувања и тоа за помалку пари

Мини фустани

Мини фустаните се секогаш во мода. Уште и ако можете еден фустан да го комбинирате за повеќе прилики – од дневни прошетки низ град, преку деловни состанови, па се до елегантни прилики, тогаш фустанот што сте го одбрале е полн погодок!

За посебни моменти комбинирајте го со сандали со високи потпетици.

Асиметрични фустани на преклоп

Фустан со ракави кои се долги под лакотот, со асиметричен крој, на преклоп, визуелно ја издолжува вашата фигура, а нозете изгледаат подолги. Квалитетен среч материјал кој се користи за овој фустан ќе ги истакне вашите атрибути. Може да ја носите во сите прилики.

Фустан за секоја прилика

Класичен крој, припиен на телото, со куси ракави. Овој фустан може да се комбинира и со патики, но и со многу елегантни челви. Овој фустан не е одличен избор само за лето, туку и за пролет и есен, во комбинација со тексас-јакни.

Сакате долги фустани?

Овој фустан е вистински погодок за лето. Изработен од пријатен, лесен материјал, со В-израз и актуелен цветен дезен. Фустанот, поради должината и кројот ќе ја нагласи и издолжи вашата става.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top