Иако од смртта на Јосип Броз Тито поминаа скоро 40 години, многумина од жителите на поранешна Југославија уште се интересираат за се она што е врзано со неговиот лик и дело.
Едно истражување, спроведено неодамна донесува интересни информации – колку улици и плоштади од поранешна Југославија го носат името на Тито?
Резултатите на истражувањето се објавени пред една недела и покажуваат дека од скоро четири милиони улици во Хрватска околу дваесет го носат името на Тито. Истата бројка се однесува и на Македонија, така што може да се каже дека овие две земји се најголеми љубители на неговиот лик и дело.
На трето место е БиХ со 19 улици, а Србија е на четврто место со 15. Во Косово воопшто нема улици со името на Тито. Следат Словенците со 14 и Црногорците со седум.
Инаку, Прага и Алжир имаат улица и плоштад кои го носеа неговото име, а Република Гвинеја отиде еден чекор подалеку, па Тито едно време беше на една банкнота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.