| четврток, 6 декември 2018 |

Која поранешна членка на Југославија најмногу го сака Тито?

Иако од смртта на Јосип Броз Тито поминаа скоро 40 години, многумина од жителите на поранешна Југославија уште се интересираат за се она што е врзано со неговиот лик  и дело.

Едно истражување, спроведено неодамна донесува интересни информации – колку улици и плоштади од поранешна Југославија го носат името на Тито?

Резултатите на истражувањето се објавени пред една недела и покажуваат дека од скоро четири милиони улици во Хрватска околу дваесет го носат името на Тито. Истата бројка се однесува и на Македонија, така што може да се каже дека овие две земји се најголеми љубители на неговиот лик и дело.

На трето место е БиХ со 19 улици, а Србија е на четврто место со 15. Во Косово воопшто нема улици со името на Тито. Следат Словенците со 14 и Црногорците со седум.

Инаку, Прага и Алжир имаат улица и плоштад кои го носеа неговото име, а Република Гвинеја отиде еден чекор подалеку, па Тито едно време беше на една банкнота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top