Дваесет и петгодишник силувал шестгодишно девојче со кое бил во подалечна роднинска врска.
Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, на возраст од 25 години, кое се сомничи дека сторило кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
„Осомничениот се товари дека извршил други полови дејствија врз жртвата – девојче на возраст од шест години, со кое биле во подалечна роднинска врска. Имено, тој го искористил моментот кога во близина немало други лица, ја злоупотребил довербата на девојчето со кое живееле во различни куќи, но со исто дворно место и му побарал чаша вода. Кога девојчето отишло да му донесе, тој го следел во куќата и извршил полови дејствија врз него“, соопшти Обвинителството.
Девојчето за инцидентот кажало на својата мајка, која настанот го пријавила во полиција.
Судот му определи притвор во траење од 30 дена на осомничениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.