| четврток, 6 декември 2018 |

Италија е згрозена од пресудата: Го ослободиле силувачот затоа што жртвата не врескала доволно!

сил

Италијанскиот министер за правда покренал истрага за случајот која ја шокирал јавноста во Италија, а во кој судот го ослободил мажот обвинет за силување „затоа што жената не врескала”.

Минатиот месец, судот во Торино донел пресуда според која жената не реагирала силно кога му рекла „доста” на колегата кој ја нападнал и сексуално ја злоставувал, па со самото тоа не пружила доволно докази дека се работело за силување, пренесува BBC.

Жртвата сега ја чека тужба за клевета, а пресудата предизвикала згрозување ширум земјата. -Не можете да ја казните реакцијата на жената која била преплашена од ситуацијата која ѝ се случувала- рекла Анаграција Калабрија, застапничка на опозицијата во парламентот. Наводната жртва, која работела во неколку болници во Торино, рекла дека обвинетиот ја натерал на сексуален однос и ѝ се заканувал дека ќе добие отказ и дека никогаш повеќе нема да може да се вработи ако не го послуша, пишува италијанскиот весник „Corriere della Sera”.

Кога ја прашале на суд зошто поостро не одреагирала на нападот, таа одговорила: Понекогаш и ‘не’ е доволно, но можеби не користев сила и насилство, како што сум требала, затоа што се преплашувам пред луѓето кои се многу посилни од мене и едноставно се здрвувам!

Како што рекло обвинителството за време на судењеро, за работата да биде уште полоша, жената додека била дете во повеќе наврати ја злоставувал нејзиниот татко. Читајќи ја ослободителната пресуда, судијата рекол дека „жената не покажала емоции какви што предизвикува злоставувањето”, а нејзините обвиненија ги нарекол „малку веројатни” и заклучил дека „немало сексуален напад”. Обвинетиот признал дека имал сексуален однос со жената, но според неговите зборови, тоа било одраз на заеднички желби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top