Мигрантот од Авганистан кој брутално ја силувал, а потоа и ја убил Марија Ладенбургер (19) е идентификуван како Хусеин К. (17), а медиумите ги објавија и првите фотогафии на малолетниот убиец.
Тој е роден во градот Газни во Авганистан, а во Европа стигнал илегално, без документи, во придружба на повозрасна личност, пишуваат германските медиуми.
Малолетниот мигрант е уапсен во петокот, а по апсењето признал дека ја силувал, па ја задавил Марија и го фрлил нејзиното тело во реката Драјзам. Неговата жртва беше одличен студент по медицина и ќерка на високиот европски политичар Кламенс Ладенбургер, помошник на генералниот директор на правната служба во Европската комисија.
Кога ја убил Марија, Хусеин имал 16 години.
Полицијата моментно се обидува да утврди дали Хусеин К. е одговорен за убиство на уште една девојка. Станува збор за Каролин Г. (27), која е силувана, а потоа и убиена додека џогирала во близина на градот. На местото на злосторството немало траги на ДНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца