| четврток, 6 декември 2018 |

Травматично детство: Дедо ми нѐ силуваше и мене и татко ми

tim-rot-3

Британскиот актер Тим Рот и порано отворено зборувал дека како дете бил силуван, но во интервју за „Гардијан“првпат го открива идентитетот на силувачот.

Пред дваесет години Рот го режираше филмот „Воена зона“, во кој акцентот е ставен на момче кое е злоупотребено до татка си, поради што многумина претпоставија дека актерот нашол инспирација за сценариото во сопствениот живот. Меѓутоа, не било така.

tim-rot

– И татко ми бил силуван како дете. Тој бил злоупотребувано дете. Имал ужасно детство, поради што оваа тема ја сфати многу сериозно, вели Рот во интервјуто.

– Тој бил силуван и јас бев силуван. Но, она од што целиот живот се плашеше, ми се случи и мене. Мене ме силуваше неговиот силувач, кој му беше татко, Тој беше проклет силувач. Но, никој никогаш ништо не рече за тоа, зашто никој ен знаеше што треба да се направи. Затоа и го снимив филмот „Воена зона“, објаснува Рот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top