Триесет и шест годишен скопјанец ја спасил својата мајка од разбојнци, кога тие влегле во нејзината куќа.
Според МВР вчера околу 00,10 часот во Скопје, на улица Славка Недиќ, во куќа сопственост на С.Ц., двајца непознати со капи фантомки на главите влегле внатре преку кровот од куќата во спалната соба каде што лежела, по што едниот од сторителите ја фатил за устата, но С.Ц. успеала да го оттурне и почнала да вика за помош.
Повикот го слушнал нејзиниот син С.Ц.(1977), кој бил во друга соба од каде излегол во претсобјето и по кратка турканица со сторителите, истите ја отклучиле влезната врата со клучот кој стоел од внатрешната страна и без да одземат ништо се оддалечиле во непознат правец. Со стореното дело сторителите причиниле материјална штета од околу 2.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Мајка уапсена откако го истетовира 10-годишниот син (ВИДЕО)
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!