| четврток, 6 декември 2018 |

Потомците на Александар го освоија Алжир, Македонија е во четвртфиналето на Светското првенство (видео)

Македонските ракометни надежи во осминафиналето на Светското првенство во Алжир го совладаат домаќинот со 24-20 и се пласираа во четвртфиналето каде ќе се сретнат со моќната репрезентација на Франција.

Иднината на македонскиот ракомет во измрамнет меч се до последните 10 минути, одлично им парираше на мотивираните врсници од Алжир кои играа пред повеќе од 8.000 свои навивачи. Сепак класата во квалитет избраниците на селекторот Илија Темелковски ја покажаа во последните 10 минути кога со неколку бравурозни одбрани на голманот Томовски и расположениот во напад капитен Филип Талевски стигнаа до недостижна предност и големо славје.

По израмнетиот почеток на натпреварот, во кој се играше гол за гол, нашите младинци први направија позитива од +2 (3-5), откако гол во 11. минута постугна Шилегов. Но, Алжир веднаш возврати со два брзи погодоци и израмни на 5-5.

Повторно следеше израмнета игра, за да Алжир по голот од седмерец во 19. минута за првпат на денешниот натпревар поведе со 7-6. Нашите младинци во следниот период не успеваа да го пронајдат патот до голот на Алжир, најпрво Талески во 21. минута промаши седмерец, а во следниот напад домаќинот тоа го казни и за првпат поведе со 8-6.

До крајот на првиот дел, нашите ракометари не дозволија домаќинот да се одлепи, па на одмор нашите надежи заминаа со негатива од само еден гол (11-10).

На почетокот на вториот дел нашите момчиња постигнаа два брзи гол и по оној на Кузмановски поведоа со 11-12. Во 41. минута Крстевски не реализира пенал, а во следниот напад Палевски ја врати Македонија на два гола предност. (13-15). Во последните 15 минути се влезе со егал резултат (15-15) и огромен притисок од домашната публика, која фанатично ги бодреше своите ракометари.

Во нив Македонија преку Талевски поведе со 15-16, а Алжирскиот селектор веднаш повика тајм-аут. Но, неговите совети не помогнаа па во 49. минута по голот на Талевски се вративме на поведеме со (15-17). Следуваа голови на Шилегов и Талевски за највисоки 16-19, а на голот се разбрани Томовски, па нашите младинци мирно го однесоа натпреваорт кон победа од 20-24.

Во четвртфиналето на СП во Алжир, Македонија веќе утре со почеток од 19.30 часот за противник ќе ја има репрезентацијата на Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top