| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Битола: 14-годишно дете распарано со нож, се трага по напаѓачот

Синоќа во 23.55 часот во СВР Битола било пријавено дека во Итна медицинска помош бил донесен 14-годишник кој бил повреден со нож во пределот на стомакот.

Се работи за телесна повреда во пределот над стомакот при што не биле повредени внатрешни органи.

Малолетникот бил задржан на понатамошно лекување. Момчето било прободено со нож од непознат сторител на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top