Македонската ракометна репрезентација за играчи до 21 година, во претпоследниот дуел од групната фаза на Светското првенство во Алжир доживеа тежок пораз од соодветната селекција на Шпанија со ??-??.
Избраниците на селекторот Темелковски по двете стартни победи над Русија И Буркина Фасо како да загубија здив со фаовирите во групата и доживеаја два пораза по ред од Тунис и Шпанија и сега стрепат за пласман во следната рунда дури и со две победи, бидејќи во очи овој натпревар Бразил и Русија ги победија бодовите.
Во последното коло што е игра утре, Македонија мора да ја совлада репрезентацијата на Бразил и да се пласира во осминафиналната нокаут фаза.
Во овој натпревар младите шпански ракометари покажаа дека на овој мундијал се дојдени за највисок дострел и се надеваат дека ако вака продолжат ќе можат да се искачат на пиедесталот.
Македонија беше достоен противник само во воведните 10 минути кога имаше резултатска негатива од само еден гол (4-5). Од тогаш па се до крајот на мечот „црвената фурија“ го диктираше темпото одигра одлична одбрана особено во првото полувреме, и со брзи контранапади на наши грешки стигна до недостижна предност уште по првите 30 минути (8-18). Во овој период мора да се истакне дека шпанскиот голман беше беспрекорен со дури девет одбранети удари кон неговиот гол.
Во второто полувреме Македонија покажа дека има селекција на играчи кои можат да се носат со најдобрите и со играта гол за гол да не дозволи противниците уште повеќе да се одлепат. Во средината на второто полувреме Шпанија дојде и до +11 (14-25), по исклучувањето на Талески, а во последните пет минути нашиот противник дојде и до највисока предност од +14 (22-36), но до финишот нашата селекција направи серија од 3-0, за конечни 25-36.
Нашата репрезентација пласманот во осминафиналето ќе го бара веќе утре против Бразил, меч кој мора да се добие. Натпреварот почнува од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.