Актерот, кој стана познат по улогата на таткото во филмовите “Сам дома”, почина на 72-годишна возраст. Џон Херд е пронајден мртов во хотел во Пало Алто, Калифорнија, во петокот, соопшти ТМЗ (TMZ), цитирајќи семејни извори. Ѕвездата е пронајдена собарка, пишува бритабнскиот Дејлимеил. Актерот имал мала операција на грбот и од средата бил во хотелот за да се опорави.
Херд ја толкуваше улогата на Питер Маккалистер – татко на Кевин, во филмовите “Сам дома”. Тој исто така учествува во “Голем” со Том Хенкс, “Сопранови” и “Батлстар галаксија”. Играл водечки улоги и во други продукции на големите и на малите екрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


