По најавите дека Љупчо Бубо Каров ќе работи како надворешен советник во Владата на Заев, а Јована Аврамовска ќе биде портпарол во Министерството за финансии, социјалните мрежи вријат од коментари.
Универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот Фејсук профил напиша: „Ова повеќе не е ни смешно“.
Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци меѓу другото напиша дека „некоја си Јована, дел од “Фчерашни вести”, станала портпарол во Министерство за финансии, без конкурс, на покана на Бранимир Јовановиќ“. Ивановска се осврнува и на изборот на портпарол во Министерството за надворешни работи каде условот во конкурсот е кандидатот да завршил книжевност.
Членот на партијата Левица, Здравко Завески исто така објави статус по повод вработувањата во Влада. Тој на својот Фејсбук профил напиша: „Леле, леле, каков пи-ар тим ќе има новата влада! Па јас не знам дали и Грујо имаше ангажирано 40+ советници во владата за ’комуникација со јавноста‘. А на некои работата ќе им биде да сурфаат по фејсбук и да ја ’ловат‘ секоја критичка мисла. Ем да си висиш на фејсбук ем да си земаш платичка за која можат да сонуваат многу твои сограѓани. Ех, што ти е живот во Македонија.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.