| четврток, 6 декември 2018 |

Ми­ни­стре, сите знаеме дека ќе се вра­ти де­те­то

Ро­ден на 20 ју­ни 1969 го­ди­на во Ве­лес

Обра­зо­ва­ние: Ма­шин­ски фа­кул­тет на УКИМ

Форбс: Еден од пет­те нај­бо­га­ти Ма­ке­дон­ци за 2014 го­ди­на

 

Не слу­чај­но еден од мно­гу­те ми­ни­стри на Зо­ран За­ев е Ко­чо Ан­ѓу­шев. Шест ста­на, две ку­ќи, од кои ед­на на Хал­ки­ди­ки, и не­кол­ку де­лов­ни про­сто­рии, авто­мо­би­ли „ма­се­ра­ти“, „пор­ше“ и „ми­ни кан­три­мен“, умет­нич­ки сли­ки од ма­ке­дон­ски авто­ри, зла­тен на­кит, ча­сов­ни­ци „ро­лекс“. Нај­го­ле­ма вред­ност во не­го­ви­от имот има уде­лот во гру­па­та „Фе­ро­ин­вест“, ка­де што тој е со­друж­ник со 80 от­сто од ак­ци­и­те, или 21 ми­ли­он евра. Удел има и во фа­бри­ка­та „Бра­ко“, а ве­ќе го про­дал уде­лот во ком­па­ни­ја­та за тр­го­ви­ја со еле­ктрич­на енер­ги­ја ЕДС. Пре­ве­де­но на на­род­ски ја­зик – па­ра­та на па­ра се ле­пи.

Те­шко де­ка не­кој од нас смрт­ни­ци­те ќе по­ве­ру­ва де­ка на Ко­чо му е те­шко во Ма­ке­до­ни­ја. Де­ка ср­це­то му се ки­не­ло до­де­ка не­го­ви­те де­ца гле­да­ат де­ка не­кои дру­ги де­ца се по­ве­ќе де­ца од нив. Или де­ка ба­рем не се глад­ни. Не­го­ви­те де­ца, за раз­ли­ка од обич­ни­те де­ца, има­ле и за пре­ја­ду­ва­ње, а ко­га дош­ло ред за обра­зо­ва­ние, и  ша­ре­ни мо­лив­чи­ња, те­тра­тки и со су­пер­хе­рои, врв­ни учи­ли­шта, се­ка­ко, при­ват­ни.

Де­ца­та ка­ко де­ца­та на Ко­чо, да се раз­бе­ре­ме, не сту­ди­ра­ат на УКИМ. Не за­тоа што УКИМ е за ни­ка­де, ами за­тоа што има­ат мож­ност да из­бе­рат по­до­бар. А из­бо­рот, се­чиј, ду­ри и мој и твој и нив­ни – ќе би­де вр­вен уни­вер­зи­тет, на ед­ни во Евро­па, на дру­ги во Аме­ри­ка. Кој што ќе по­са­ка, сѐ до­де­ка мо­же да си пла­ти.

Та­ка, 20-го­диш­ни­от син на Ко­чо из­брал да сту­ди­ра во Ви­е­на, еден од по­ска­пи­те гра­до­ви во Евро­па. Бил раз­о­ча­ран од со­стој­ба­та во Ма­ке­до­ни­ја. Од не­ре­ал­но­ста во ко­ја жи­ве­ел, од бо­га­то­то оп­кру­жу­ва­ње, од „пор­ше­а­та“, „ма­се­ра­ти­те“ и од сил­ни­от сјај на бо­гат­ство­то мла­ди­от Ан­ѓу­шев ус­пе­ал да ја ви­ди ти­ња­та во Ма­ке­до­ни­ја. Абе, ај­де!

Да му дој­де на чо­век да се расп­ла­че. Не, се­ка­ко, не од очај, од жал за та­тко­то биз­нис­мен што го оста­ви те­шки­от биз­нис и се на­фа­ти на мла­ди­от Ан­ѓу­шев да му ја сре­ду­ва др­жа­ва­та за да има ка­де да се вра­ти. Ина­ку, ре­кол тој, не се вра­ќа.

Ете, та­ка, та­тко и син ќе ја спа­су­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја од ти­ња­та ка­ко што Брус Ви­лис ја спа­су­ва Зем­ја­та во аме­ри­кан­ски­те фил­мо­ви. Ма­ли­ов ќе се воз­не­ми­ру­ва, а та­тко­то ќе го сми­ру­ва. По­трес­на се­меј­на при­каз­на по­ра­ди ко­ја др­жав­но­то ќе ста­не при­ват­но, а при­ват­но­то е се­ко­гаш по ме­ра на газ­да­та. Штом ќе се вра­ти мла­ди­от Ан­ѓу­шев, ќе мо­же­ме сло­бод­но да поч­не­ме да се ба­ра­ме ме­ѓу „ро­ле­кси­те“ и „пор­ше­а­та“ на дол­ги­от спи­сок сопс­тве­но­сти на бо­га­ти­те Ан­ѓу­ше­ви.

На по­ле­то не мо­же да му се ста­ви вра­та и на на­ро­дот да му се за­тво­ри уста, а ако се отво­рат уши­те и очи­те пред збо­ро­ви­те на на­ро­дот, точ­но е де­ка ма­ли­от Ан­ѓу­шев са­ка да се вра­ти на сре­де­но. Сре­де­но по сопс­тве­на ме­ра.

За­тоа, ми­ни­стре, не на­вре­ду­вај­те нѐ,  ни­ту сте вие ту­ка за да нѐ опра­ви­те ни­ту е тој за­ми­нат за да не то­не во кал­та.

На­јро­ди­тел­ски ве уте­шу­ва­ме и ве уве­ру­ва­ме, де­те­то е уче­но на го­то­во и за­тоа ќе се вра­ти, вед­наш ќе се вра­ти штом та­то ќе му ја на­вр­ти во­да­та на при­ват­на­та во­де­ни­ца. Са­мо ту­ка ќе мо­же да го ва­ло­ри­зи­ра зна­е­ње­то здо­би­е­но во Ви­е­на. А и нај­лес­но се ста­ну­ва газ­да на та­тко­во.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top