| четврток, 6 декември 2018 |

Странски експерти за домашни компании: Анѓушев гордо се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ

Денешиот настан кој го направи вицепремиерот тендераш Анѓуев, за швајцарски експерти кои ќе го помагаат развојот на пет домашни фирми, е всушност проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, странските експерти за домашни компании. Тој се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат Анѓушев го спроведува со симбилочна бројка од само 5 компании, и само со одреден круг на експерти, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Проектот на ВМРО-ДПМНЕ беше со драстично подобри услови и перформанси за домашните компании. Тој се спроведе во три циклуси и беа опфатени повеќе десетици домашни компании. Владата на Заев нема идеја и практично наместо да ги продолжи проекти на ВМРО-ДПМНЕ смислува начини или да ги укине или истите да ги изобличи губејќи ја сутината. Владата на Заев е всушност економско цунами кое ја влече државата надоле. Тоа важи за страските и за сите домашни компании. Тоа го потврдува и вртоглавиот пад на иднустриското производство од 5,3 проценти, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ ветуваше живот, а граѓаните добија беда, сиромашнитја и стагнација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top