АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи, порачуваат од компанијата.
– Ги испративме бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии рокови за плаќање на тој датум се уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање. Во информацијата испратена до Министерството јасно е наведено дека станува збор за тековни, а не заостанати обврски затоа што компанијата нема доспеани, а неподмирени обврски кон стопанските субјекти. Наведените податоци кои стојат во презентацијата се тековни обврски и се во целост подмирени во текот на изминатиот период – прецизираат од АД ЕЛЕМ, коментирајќи ги податоците за финансиските обврски на државните субјекти кон стопанството презентирани при вчерашната прес-конференција на Министерството за финансии и пренесени во дел од медиумите.
Нагласуваат дека компанијата е во одлична кондиција и сите обврски кон државата, стопанството и вработените редовно се сервисираат.
– АД ЕЛЕМ во првото полугодие од 2017 година оствари нето добивка која надминува 8 милиони евра и има депозити во неколку банки во износ од 20 милиони евра. Со оглед на ликвидноста на компанијата, предвреме е отплатен кредит кон Светска банка во износ од 903.526 долари. Истовремено, би сакале да нагласиме дека друштвото има евидентирани побарувања од правни и физички лица во износ поголем од 100 милиони евра. Компанијата во согласност со својот развоен и финансиски план и во иднина нема да дозволи доцнење на исплата кон деловните субјекти со кои соработува и ќе продолжи да ги сервисира тековните обврски во согласност со воспоставената динамика – прецизираат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со ребалансот повеќе пари за отплата на долгови, отпаѓаат гасификацијата и новиот клинички
-
Си призна: Тевдовски ја потврди катастрофалната реализација на капиталните проекти
-
Врие во ЕЛЕМ: Вработените да се заштитат се самоогранизираат во свој синдикат!
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование