| четврток, 6 декември 2018 |

Од трансферот на Мората во Челси ќе се офајди и Атлетико Мадрид

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората од вчера и официјално е нов фудбалер на англискиот шампион, Челси, а сега веќе поранешниот член на Реал Мадрид стана најскапоплатениот Шпанец во историјата.

Неговиот потпис екипата на Антонио Конте ќе ја чини 80 милиони евра, но од овој трансфер ќе заработи и Атлетико Мадрид. Всушност, Мората во своето детство беше член на пионерскиот тим на „јорганџиите“, па во кадетските денови се пресели во Реал Мадрид. Па така, според правилата на ФИФА, во случај еден млад фудбалер од еден клуб да премине во друг, а притоа да има одреден стипендиски договор, клубот од кого си замина има право на еден процент од неговите наредни трансфери.

Тоа значи дека Атлетико Мадрид на своето конто ќе инкасира 800.000 евра за овој трансфер на Мората, што секако е одлична сума за фудбалер кој скоро 10 години не е дел од тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top