| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Тито Петковски, Бубо Каров, Најчевска, Фрчкоски, судијката Цаца – Николовска – сите што одработуваа за СДСМ, вработени во Владата

Маја Петковска, ќерката на Тито Петковски е новиот специјален советник во владата на Заев, објави „Курир“.

Работна маса и фотелја на „Илинденска“ бб добил и поранешниот новинар Бубо Каров, пишува порталот, и додава дека иако од владата не потврдуваат за него, сепак не ја ни негираат информацијата.

Според информациите со кои располага „Курир“ Владата на СДСМ досега ги отворила вратите за 50 луѓе кои „се одважиле да помогнат“, иако владиниот портпарол Миле Бошњаковски за „Курир“ вели дека вработени се само 26 лица.

Во Владата на Република Македонија се вработени дваесет и шест лица (26), вклучувајќи ги и тие со авторски договор. Се работи за специјални советници во кабинетите на министрите без ресор, генералниот секретар и други именувани функционири. Овие вработувања се од привремен карактер, односно престануваат во истиот момент кога истекува или завршува мандатот на ресорниот функционер, истакнал владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Шарените наградени со функции во владата на Заев

На електронскиот систем за јавни набавки објавени беа двата огласи со кои се бараат 22 услуги за привремено вработување во генералниот секретаријат и 22 услуги за привремено вработување во Службата за општи и заеднички работи. За првиот оглас проценетата вредност е речеси 127 илјади евра, а за вториот околу 48 илјади евра. Сомневањата кои постојат во јавноста се дека овие огласи се отворени со цел вработување и ангажирање на лица кои одработиле за претходната опозиција, објави ТВ Нова.

Дали се точни информациите на медиумите или пак скромните бројки што ги прикажува владиниот портпарол ќе се дознае за кусо време. И онака новопечените административци, оние кои во даден момент „се одважиле да помогнат“ самоте ќе се пофалат на социјалните мрежи дека нивната борба преминива на ново ниво, на помека фотелја, на „Илинденска“ бб, небаре живеат во видеоигра.

Владата го отвора вратите за шарените, независните експерти, судии, професори, новинари

Платеничката на СОРОС Најчевска фрли боја пред Беко и одби да ги почитува законите (ВИДЕО)

Првиот работен ден како премиер Зоран Заев безмалку го започна со забелешката дека во Владата има превработеност. Истото го повторија и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а веднаш потоа и сите заедно се нафатија со вработување свои луѓе, луѓе кои во даден период одработиле за СДСМ, дури и на измислени или се уште несмислени позиции. Владата објави и оглас за вработување на 13 посебни советници во владата со плата во висина од 36.873 денари.

Во меѓувреме министерот за правда формира Совет за реформа на правосудниот сектор. Во деветчлената реформаторска група се  професорката Мирјана Најчевска, професорката Беса Арифи, но и професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Борче Давитковски, Љубомир Фрчкоски и Гордан Калајџиев, Мерсим Максути. Член на овој совет е и судијката Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, блиска на СДСМ. Покрај неа, на листата се наоѓа уште една поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова – Трајковска. Од домашните судови, пак, во редовите на новоформираниот совет се и судијката Наташа Габер Дамјановска од Уставниот суд, Фаик Арслани од Врховен, Бурим Сејдини како претседателите на Управниот суд – Сурим Сејдини, на Апелациониот во Гостивар – Шефајет Хајдари и на Основниот суд Скопје 2 или познат како граѓански – Илир Сујемани.

Вкупниот број на членови изнесува 22, од кои 17 се надворешни експерти, а петмина се од редовите на Министерството за правда. Првиот човек на оваа институција, министерот Билен Саљији, е претседател на овој совет, а потпретседател е заменик-министерот за правда Оливер Ристовски.

 

Од Министерството за ТВ Нова велат дека одлуката е доснесена и потпишана на 17 јули и информираат дека се уште немало состанок и не е договорено за колкав паричен надомест ќе членуваат во ова тело.

Несудена Катица

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека владиното вработување на критичари на претходната власта е во суштина нивно политичко корумпирање.

Дека Владата на СДСМ вработува кадри кои размислуваат и делуваат во нивен интерес посочија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитани се и добро запаметени од сите граѓани овие профитери и одработувачи како што се: Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Бранимир Јовановиќ, Влатко Васиљ, Дарко Лешоски и многу други сеачи на магла кои ги гледаме изминатиов период. Овие профитери се претставуваа како невладин коректив на власта, и ја лажеа целата јавност дека бранат интереси на граѓаните. Со нивното ставање на платен список на владата на Република Македонија се покажа дека цело време ги бранеле само интересите на Заев и СДС, за што дебело биле платени и тогаш и сега, изјави неодамна потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Спасовски бараше од началниците во МВР да се саморазрешат

Скандал во МВР: Партизација на полицијата со кукавичка наредба полициските службеници да бараат саморазрешување

Неодмана и полицискиот синдикат испрати барање до министерот Спасовски да се произнесе во однос на тврдењата на дел од вработените дека раководни лица од Министерството за внатрешни работи испратиле писма до полициски службеници, инспектори и началници, во кои им наложуваат самите да поднесат барање до Министерството да бидат поставени на пониски позиции, министерот твреди дека такво нешто не постои и дека се е законски.

-Сите поместувања во МВР се праваат согласно законските решенија, вели Спасовски за ТВ Нова.

Се чека и појаснување од Министерството за одрбарна, дали министерката Шеќеринска  објавува оглас за уште двајца нови советници или пак го реобјавува стариот оглас и ако го реобјавува, зошто претходниот пропаднал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top