Во Музејот на модерна уметност во Ереван, Ерменија ќе биде отворена изложбата „ТРЕМОЛО“ на македонските уметници Милан Андов, Јован Балов и Атанас Ботев. Куратор на изложбата е Горанчо Ѓеоргиевски.
Оваа изложба којашто го презентира македонското современо сликарство во Ерменија е резултат на соработката меѓу две проект галерии во Берлин: „Прима Центер Берлин“ чиј раководител е Јован Балов и „ИнроеирДасеин“ раководена од ерменскиот уметник Арчи Галенц.
Реализацијата на оваа изложба е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.