Ако веќе немате каде да бегате и се подготвувате за генерално чистење на домот пред зимата, ви нудиме список како да си го олесните чистењето, а крајниот резултат да биде таков каков што сте замислиле пред да почнете. Бидете сигурни дека на овој начин ќе загубите помалку време, а ќе фрлите повеќе непотребни работи што со години ги трупате „за секој случај“.
Спална соба:
- Облеката што не ја носите ставете ја во вреќи и фрлете ја без размислување или подарете ја некому.
- Средете ги фиоките.
- Избришете прав и прередете го просторот под креветот.
- Симнете ги и исперете ги завесите.
- Исчистете ги плакарите и огледалата.
- Променете ја постелнината и исчистете го душекот.
- Исчистете ги лустерите и плафонот.
- Исчистете го подот.
Детска соба:
- Прередете го плакарот, средете ги фиоките и подарете ја надраснатата облека.
- Исчистете ги ѕидовите од дамки од боја, боички и од други детски нечистотии.
- Средете ги играчките. Подарете ги тие со кои децата веќе не си играат, а поткршените фрлете ги.
- Исперете ги завесите и променете постелнина.
Бања:
- Фрлете ги празните шишенца од шампон, пена за капење, козметика или лековите на кои им истекол рокот.
- Средете ги полиците.
- Исперете ја завесата за туш.
- Исчистете ги плочките.
Трпезарија:
- Исчистите ги и прередете ги витрините и полиците.
- Избришете прав од садовите и од приборот за јадење што не го користите често.
- Исполирајте го мебелот.
- Исчистите ги подот и ѕидовите.
Дневен престој:
- Избришете прав во целата соба. Не заборавајте ги лустерите и светилките.
- Исчистете ги мебелот и тепихот.
- Средете ги полиците.
- Средете ги цедеата и дивидијата.
Кујна:
- Исчистете ги апаратите однатре и однадвор.
- Средете ги садовите и изделете ги тие што не ги користите.
- Исчистете ги и средете ги фиоките.
- Исчистете ги подот, ѕидовите и светилките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.