Босанските змаеви предводени од Един Џеко им ги расипаа сметките на Грција и на гигантот Најк, а за светски познатата компанија за спортска опрема ќе биде уште поголем проблем, ако нашите јужни соседи не се пласираат на СП во Бразил 2014. Најк за првпат е спонзор на грчката фудбалска репрезентација, а договорот е склучен пред стартот на квалификациите за Мундијалот, кога пресметките велеа дека Грција лесно ќе ги мине противниците од Г групата. Навидум таа е една од најлесните, а конкуренти на Грците им се БиХ, Словачка, Литванија, Летонија и Лихтенштајн.
Планот на Најк за промоција на нивните дресови што ќе ги носеа Грците во Бразил, беше да се направи промоција на фирмата на јужноамериканскиот континент. Испадна дека БиХ речиси сигурно ќе патува во земјата со најмногу трофеи од Мундијалите и тоа како првопласирана, а Грците веројатно ќе мора да одат во бараж. БиХ вчера забележа блескава победа од 5-0 над Летонија во Рига и со 16 бода остана лидер во Г групата. Популарните „змаеви“ имаат и страшна гол разлика од 23-3 и уверлива победа над Грција во меѓусебниот дуел, со што можат да вадат визи за пат во Бразил.
Грција вчера за првпат играше со новите дресови со логото на Најк, а победена беше Литванија со 1-0 во Вилнус. Тие се на втората позиција со 13 бода, на 4 кола до крајот на квалификациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја