Од вечерва до 21 јули Ресен ќе биде домаќин на голем музички настан. Четири вечери по ред на градскиот плоштад љубителите на џез, поп и рок-музиката ќе имаат можност да проследат настапи на четири различни бенда и изведувачи. Музичкото доживување вечерва го отвора „Васил Хаџиманов бенд“ од Белград, утре настапува домашната група „Персиди“, на 20 јули „Ние запирка другарите“ и за крај на четиридневниот музички спектакл на 21 јули, настапуваат „Блубери“ и Оли Китан.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека ова е уште една можност љубителите на овие музички жанрови да уживаат во летните денови во настапот на значајни музички имиња. Џез, поп и рок-вечерите во Ресен се во организација на домот на културата „Драги Тозија“, со поддршка на општината Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филип Димишковски е најдобар млад џез музичар за 2018
-
Летно издание на „Musicology Barcaffè Sessions“: Angie Stone, Koop Oscar Orchestra и Bokante
-
Виктор Филиповски е избран за најдобар млад македонски џез музичар за 2017
-
В недела на платото пред МКЦ деветчасовен хепенинг „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!)