Денеска (18.07.) вторник, на „Скопско лето“ со почеток во 21:00 часот, ќе се прикаже филмот„Израелска љубовна приказна“ („Sipur Ahava Eretz-Israeli“ – Израел/САД/В. Британија), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во соработка со Амбасадата на Државата Израел во Р. Македонија. Станува збор за историска драма во времетраење од 93 минути. Режија: Ден Волмен, улоги: Ади Биелски, Авив Алуш, Алекс Енски, награден со „Златен петел“ од публиката за главна женска улога на фестивалот „100 цветови“ во Кина (Кинески Оскар).
Според вистинска приказна: во 1947 година, 18-годишната Маргалит живее во северен Израел обожавајќи го театарот и сонувајќи да стане актерка. Во предвечерието на раѓањето на државата Израел, таа го среќава 24-годишниот Ели Бен Зви и се вљубува во него… Филмот е снимен според истоимената автобиографска монодрама на Фина Гери, претстава која е дел и од актуелниот израелски театарски репертоар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“