| четврток, 6 декември 2018 |

Израелска љубовна приказна на „Скопско лето“

Денеска (18.07.) вторник,  на „Скопско лето“ со почеток во 21:00 часот, ќе се прикаже филмот„Израелска љубовна приказна“ („Sipur Ahava Eretz-Israeli“ – Израел/САД/В. Британија), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во соработка со Амбасадата на Државата Израел во Р. Македонија. Станува збор за историска драма во времетраење од 93 минути. РежијаДен Волмен, улоги: Ади Биелски, Авив Алуш, Алекс Енски, награден со „Златен петел“ од публиката за главна женска улога на фестивалот „100 цветови“ во Кина (Кинески Оскар).

Според вистинска приказна: во 1947 година, 18-годишната Маргалит живее во северен Израел обожавајќи го театарот и сонувајќи да стане актерка. Во предвечерието на раѓањето на државата Израел, таа го среќава 24-годишниот Ели Бен Зви и се вљубува во него… Филмот е снимен според истоимената автобиографска монодрама на Фина Гери, претстава која е дел и од актуелниот израелски театарски репертоар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top