| четврток, 6 декември 2018 |

Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија

Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ од најновата швајцарска продукција со превод на македонски јазик од денеска почнува да се прикажува во кината низ Македонија. Проекциите тргнуваат од Центарот за култура во Неготино денеска и Центарот за култура во Гостивар денеска и утре од каде продолжуваат во киното „Милениум“ во Скопје на 1 и 2 декември и Кинотеката на Македонија на 3 декември.
Режијата е на Мануел Флурин Хендри, а во главната улога се појавува швајцарскиот актер Штефан Курт кој комплетно е трансформиран за да го долови изгледот на таткото Мол. Филмот е номиниран за најдобар актер и најдобра монтажа за Швајцарските филмски награди. Филмот трае 90 минути.

Таткото Мол останува дома сам со своите деца за време на викендот откако мама Мол ќе замине на спа викенд со пријателките. Веднаш почнуваат проблемите. Додека Мол работи прекувремено во фабриката за чоколада, децата влегуваат во расправија со палавковците од соседството и деца на шефот на Мол – расправија за шеќерна волна, домашна задача и најпознато циркуско куче во светот.
Дистрибутер за Македонија е „Узенгија“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top