| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се жали, Бакрачески го потсетува на Петрески

охридГрадоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, околу обвинувањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за наводни „шиканирања и притсоци на вработените во локалната самоуправа, како и непринципиелни влијанија и предлози “ по преземањето на власта, му порача на новиот лидер на СДСМ дека требало да се грижи за вработените во локалната власт и институциите кога со нив раководел неговиот сопартиец и пријател Александар Петрески.

Според Бакрачески, Петрески само општината ја задолжил со над 32 милиони евра и со тоа направил состојба која долгорочно ќе се одразува на сите, па и на вработените во општината.

-Господинот Заев требаше да се грижи за вработените во локалната самоуправа во времето кога неговиот партиски колега и партиски другар во градот направи тотална дезинтеграција на системот и хаос и направи голема штета на локалната самоуправа,  во времето кога беа направени 32 милиони евра долг на општината Охрид и уште неколку десетини милиони на јавните претпријатија кои произлегуваат од локалната самоуправа, изјави Бакрачески.

Заев при денешната посета на Охрид посочи дека наводно „многу граѓани кои немаат партиска книшка биле деградирани од работните места, раководни кадри биле принудени да поднесат оставки“, како и за другинедокажани поплаки од граѓаните.

Новиот претседател на СДСМ сепак додаде дека има разбирање за градоначалникот Бакрачески за ревизиите кои ги прави, за да се се запознае со состојбите, но апелираше да не се нарушат меѓучовечките односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top