Италијанскиот калчолигаш Рома ќе се обиде да го ангажира Самир Насри, кој по истекувањето на позајмицата во Севилја мора повторно да бара нов клуб, за привремено или конечно да се ослободи од обврските кон Сити. Во исчекување на потег на Мончи, Рома се уште нема најдено замена за рекордната продажба на Салах во Ливерпул, а Насри е фудбалер кој е познат за спортскиот директор на „волчицата“.
Мончи го доведе Насри минатата сезона во Севилја како позајмен играч, истото би можел да го направи и сега, но Гвардиола преферира целосно да се ослободи од поранешниот репрезентативец на Франција.
– Разгледуваме неколку понуди во моментов. Она што можам да кажам е дека понудите се од Кина и од Италија, не можам да потенцирам кои клубови. Од Серија А, се работи за два многу добри клуба. Мончи добро го познава Насри уште од Шпанија. Клуб каков што е Рома сигурно е интересен за мојот клиент, но пров треба добро да го разгледаме новиот проект. Евентуален трансфер во Рома ќе зависи колку Насри ќе биде во плановите на тренерот. Можеби не е млад и брз како некогаш, но Насри се уште има многу да понуди и да придонесе на теренот – истакна агентот на Насри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)