| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „УЛУС/Слики-скулптури-графики“ денеска на „Скопско лето“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на Скопско лето и во соработка со Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС), ја организираат изложбата „УЛУС / Слики-скулптури-графики“ која ќе се отвори во петок (14.07.2017) во 20:30 часот во галерискиот простор на НЛБ Тутунска Банка.
Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС) една е од најстарите организации на Балканот, основана во 1919 година. Струковно здружение, кое ја продолжи работата на првито професионално здружение на српски уметници за пластични уметности и музика. Брои повеќе од две илјади членови, креатори на различни генерации.

На изложбата на слики, скулптури и графики во организација на Здружението на ликовни уметници на Србија во соработка со Здружението на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат изложени 55 дела.

-Белег на оваа изложба е пред се аспирациите на двете здруженија и нивните членови на субјективни креативни сили да се поттикне и промовира меѓународна соработка, квалитетот и разновидноста, со размена и собирање на искуства, негување на независен сензибилитет. Софистицираното и поетско чувство на уметникот, љубов и сензуалност, енергија и инстинктивно чувство за естетика ни даваат претстава за состојбата на духот и обичаите на времето во кое тие создаваат. Специфично и интересно на овој пионерски потфат е богатството на идејни, тематски и изразни љубопитства, од една страна на современи и иновативни, а од друга страна традиционални, но секако карактеристични во своите автентични авторски личности., вели Јелена Манолчев, кустос, историчар на уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top