Гости во денешната емисијата „Само Вистина“ на телевизија Канал 5 беа Владимир Перев и Тодор Чепреганов. Дискусијата која се одвиваше беше за содржината на договорот кој треба да се потпише на 2-ри Август помеѓу Република Македонија и Бугарија, спорноста на кој јазик ќе биде потпишан договорот.
Универзитетскиот професор и историчар Чепреганов истакна дека Бугарија сè уште ги нема признаено македонската нација, македонскиот јазик и македонската култура. Според него потребно е договорот да е достапен и во Македонија за да имаат увид поголемиот дел од општествената јавност.
– Добив информација дека во Бугарскиот парламент, а тоа беше објавено и во некои од телевизиите, дека Бугарските парламентарци веќе го имаат добиено договорот и тие го разгледуваат. Според она што добив како некои информации што се неофицијални, е дека договорот ќе биде исто она што беше договорот од 1999 година по истиот принцип. Во кои што не се признава идентитетот и јазикот на Македонците, истакнаЧепреганов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)