| четврток, 6 декември 2018 |

Чепреганов: Договорот е по стар принцип, не признавање на македонскиот јазик и идентитет

Гости во денешната  емисијата „Само Вистина“ на телевизија  Канал 5 беа Владимир Перев и Тодор Чепреганов. Дискусијата која се одвиваше беше за содржината на договорот кој треба да се потпише на  2-ри Август помеѓу Република Македонија и Бугарија, спорноста на кој јазик ќе биде потпишан договорот.

Универзитетскиот професор и историчар Чепреганов истакна дека Бугарија сè уште ги нема признаено македонската нација, македонскиот јазик и македонската култура. Според него потребно е договорот да е достапен и во Македонија за да имаат увид поголемиот дел од општествената јавност.

– Добив информација дека во Бугарскиот парламент, а тоа беше објавено и во некои од телевизиите, дека Бугарските парламентарци веќе го имаат добиено договорот и тие го разгледуваат. Според она што добив како некои информации што се неофицијални, е дека договорот ќе биде исто она што беше договорот од 1999 година по истиот принцип. Во кои што не се признава идентитетот и јазикот на Македонците, истакнаЧепреганов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top