Пејачот Жељко Шашиќ не ја пропушти можноста да го искоментира разводот на Аца Лукас и Соња Вукасновиќ и двајцата добро ги испрозва.
Шашиќ на интересн начин опиша што мисли за Лукас и Соња.
-Ма на него му е полошо тоа што мисли дека јас ликувам над нивниот скандал, отколку тоа што го погоди го окарактеризира како некој кој е изневерен или незнам што. Се лажат и двајцата, не ликувам, само ми е интересна таа шпанска серија. Не им држев свеќа, но сешто се зборува по градот, и за неверствата и за другите работи. Не се златни ниту едниот ниту другиот. Велам, се е премногу забавно, посебно тоа што пишуваа дека Лукас ги читал нејзините пораки, па така ја фатил во неверство. Е тоа е хит. Па кој ѓавол го барал?-изјавил Шашиќ и потоа дал необичен одговор на прашањето дали се уште ја сака Соња.
-Не, немам јас со таа жена ништо повеќе. Таа е мајка на мојата ќерка и тоа е се, а со оглед на тоа дека добро ја познавам, верувам дека набрзо ќе ја поврзат и со Трамп. Таа е родена за тоа. Таа може секого да надигра. Соња и јас веќе никогаш нема да бидеме заедно. И ја посакувам сета среќа на овој свет, но што подалеку од мене, не сум јас нејзин афинитет, а ниту таа мој. Не знам која е нејзината професија сега, не разбирам, ама гледам дека секогаш е нечија поранешна жена -заклучил Жељко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.