| четврток, 6 декември 2018 |

Шашиќ: Жал ми е за Лукас, Соња ќе го брка Трамп

Поранешниот сопруг на Соња Вуксановиќ, пејачот Жељко Шашиќ, одамна најави дека историјата ќе се повтори, па затоа со задоволство ја коментира ситуацијата меѓу Соња и Аца. ТОј вели дека му е жал за Аца, зашто не знае како ќе се извлече од целава ситуација.
– Не знам како ќе се извлече психички од целава ситуација. Не знам што да му кажам за да му биде полесно, Си има тој свои проблеми, не знам дали ме памти… Ниту една разделба не е безболна, само интензитетот на болката е различен. Се се враќа, се се плаќа. Некои работи се вртат во круг. Изгледа ѝ пораснале апетитите на мојата поранешна жена. Не верував дека толку ја интересираат моќ и пари, ама очигледно сум погрешил, вели Шашиќ, кој не пропушта прилика да ја пецне поранешната сопруга, со која ја има ќерката Софија.
– Можеби еден ден маж ќе ѝ биде Трамп, си сака тој жени од овој крај.
Пред Аца да започне врска со Соња, тој и Жељко биле добри пријатели. Секако, оттогаш не разговараат, освен што вербално војуваат преку медиумуте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top