Откако пејачот Жељко Шашиќ ја изнесе во јавноста информацијата дека ја тужел Соња Вукасановиќ, неговата поранешна, а сегашна сопруга на Аца Лукас поради тоа што не може да стапи во контакт со ќерката Софија која живее со мајка и следеше шок реакција токму од неговата ќерка.
Иако е малолетна со оглед дека отворено се обратила на јавноста со желба да го појасни комплицираниот однос со татко и Жељко, ја пренесуваме нејзината објава од социјалната мрежа Инстаграм.
-Мислам дека ова отиде малку предалеку. Имено, сакам да им се обратам на сите и да кажам дека овие јавни „тужби“ се само начин преку кој Жељко сака да го има во медиумите. Мојата мајка и јас имаме совршен однос на една вистинска мајка и ќерка и таа вакво нешто за кое Жељко ја обвинува никогаш немаше да ми го забрани. Тоа е мојот личен избор (да немам никаква комуникација со Жељко) , а моето однесување е реакција на неговото “.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.