| четврток, 6 декември 2018 |

Драмата на Жељко Шашиќ:Мојата ќерка мора на нарко тест, заедно со мајка си и Лукас

зелко

Жељко Шашиќ е разочаран од однесувањето на својата ќерка Софија (17), која го оцрни на Инстаграм, откако тој изјави дека не во контакт со неа поради нејзината мајка Соња.

Пејачот тврди дека неговата единица се огласила под мајчиниот притисок.

-Се знае кој го измисли тој статус, а ја потпиша Софија. Го знам јас моето дете, тоа не го изјавила таа.Тоа е страшна манилупација и срам. Срамот сепак не е мој, туку нивен. Тие се однесуваат чудно, можеби сите би морале на нарко тест, вклучувајќи го и нивниот домашен љубимец- вели Шашиќ, кој долго време не се слуша со ќерката.
Пејачот се сомнева дека Софија под мајчин притисок јавно реагирала, бидејќи неодамна им стигнала неговата контратужба.

-Контратужбата не е страшна, таму се само некои докази за тоа дека јас не долгувам ништо, туку и дека сум преплатил. Ја докажав вистината. Изгледа дека вистината толку ја боли за малата да морала да пишува статус. Веројатно дека нејзината мајка мислела дека ќе живее од алиментација- рекол Шашиќ.

зелко2

Во одбрана на Соња и Софија, застана и Лукас, кој беше прилично речит.

-Нека оди кај психијатар и психолог, ќе му биде подобро. Под итно му е потребна стручна помош. Наместо да формира свое семсјство, човекот со години се занимава со туѓо. Очигледно е дека сака да стане член на моето семејство, но местото на домашен љубимец веќе е зафатено. Секако повеќе сакаме кучиња од мајмуни. Нависитна е крајно време да почне да се занимава со себе и да најде девојка која ќе биде постара од неговата ќерка- му порача Лукас на Шашиќ.
Соња пак на Фејсбук напиша:Некои луѓе не вреди да ги спушташ, веќе премногу ниско паднале- напишала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top