Откако медиумите дознаа дека поранешните сопружници Адријана Лима и Марко Јариќ и летуваат заедно, со своите две ќерки во Црна Гора, сите внимателно го следат секој нивен чекор.
И додека Адријана со следбениците на Инстаграм дели бројни моменти од одморот, Марко не се појавува на семејните фотографии, како поранешните сопружници да се договориле да не објавуваат заеднички фотографии.
Но како што изгледа, овој договор не важи за сите членови на семејството Јариќ. Имено, Адријана на Инстаграм објави заедничка фотографија со поранешата свекрва, Лепосава Јариќ.
-Благодарна сум и на бабата на моите девојчиња. Те сакаме-напишала Адријана во коментар на фотографијата која ја објави на Инстаргам, а на која се гледа како поранешната свекрва и снаа се држат за раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После гласините за обновување на врската на Емина и Марко, се огласи и неговата сопруга!
-
Паника: Еве што направија Емина и Марко откако нивната преписка е објавена!
-
Се разведувам поради тебе – нова тајна преписка меѓу Емина Јаховиќ и Марко Мишковиќ!
-
Вистинско среќно семејство – вака Јариќ и Лима со децата го прославија Божиќ!