| четврток, 6 декември 2018 |

Паника: Еве што направија Емина и Марко откако нивната преписка е објавена!

Само три дена откако е објавена содржината на преписката меѓу Емина и Марко Мишковиќ, пејачката и бизнисменот ги превзеле сите потребни мерки како би ја заштитиле својата приватност. Имено како што се дознава, Емина и Марко во страв од хакери, решиле да ги променат броевите на телефоните, во намера и понатаму без нечие знаење, да останат во контакт.

-Сега намераваат да ги сменат броевите на телфоните, како би биле сигурни дека нивната преписка нема повторно да стигне до јавноста – вели извор запознаен со случувањата, додавајќи дека објавувањето на преписката предизвикало општ хаос во семејството Мишковиќ.

-Малку е да се каже дека Марко бурно реагирал кога во весниците ја прочитал содржината на пораките кои ги разменувал со непрежалената љубов. Прва мисла му била како да се оправда пред сопругата Јована со која има ќерка, а потоа и на татко му да му објасни дека нема да се откаже од љубовта со Емина. Во прв момент успеал да ја убеди сопругата дека некој му сместува афера со пејачката, но кога се објавени пораките  во кои на Емина и пишувал дека ќе се разведе, сите негови напори паднале во вода – додал изворот.

-Марко со денови ја избегнува комуникацијата со Јована и смислува начини како да и се оправда и извини за понижувањето кое и го приредил. Без оглед на тоа дали ќе останат заедно, сепак таа е мајка на неговото дете и тешко му е што за пораките дознала на таков начин – додал изворот.

Од друга страна, неговиот татко во ниту еден миг не се посомневал во автентичноста на пораките, посебно бидејќи пред 10 години морал да направи се за да ја осуети нивната љубов.

-Засега тие се уште немаат разговарано на оваа тема, но на сите им е јасно дека татко му и понатаму ќе му брани да биде со Емина. Сепак кога ќе се повлече црта, Марко е среќен што пораките излегле во јавност, бидејќи јасно му е дека се ќе мора да се дознае. А подобро порано од подоцна- заклучува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top