| четврток, 6 декември 2018 |

За се е виновна свекрвата-оваа фотографија ги подгреа гласините дека Адријана и Марко се смириле

Откако медиумите дознаа дека поранешните сопружници Адријана Лима и Марко Јариќ и летуваат заедно, со своите две ќерки во Црна Гора, сите внимателно го следат секој нивен чекор.

И додека Адријана со следбениците на Инстаграм дели бројни моменти од одморот, Марко не се појавува на семејните фотографии, како поранешните сопружници да се договориле да не објавуваат заеднички фотографии.

Но како што изгледа, овој договор не важи за сите членови на семејството Јариќ. Имено, Адријана на Инстаграм објави заедничка фотографија со поранешата свекрва, Лепосава Јариќ.

-Благодарна сум и на бабата на моите девојчиња. Те сакаме-напишала Адријана во коментар на фотографијата која ја објави на Инстаргам, а на која се гледа како поранешната свекрва и снаа се држат за раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top