| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведувам поради тебе – нова тајна преписка меѓу Емина Јаховиќ и Марко Мишковиќ!

Пејачката Емина Јаховиќ пред одредено време објави дека става точка на бракот со Мустафа Сандал. Оваа вест изненади многумина, а последните денови вниманието на јавноста го привлече нејзината преписка со Марко Мишковиќ.

Иако тие двајца пред одредено време биле во врска, се чини се застанало поради ненадминливите препреки. Сега кога Емина е слободна, се чини дека страста повторно се разгорува. Така почнаа да испливуваат и пораки во кои поранешните љубовници се допишуваат.

Како што пишува Ало, Марко е подготвен поради Емина и да се разведе од пејачката Јована Николиќ.

-Никогаш веќе нема да те испуштам. Ќе се борам за нашата љубов. Се разведувам во наредните шест месеци, а за една година сите ќе знаат дека повторно сме заедно – пишува во пораката која Мишковиќ и ја пратил на поранешната девојка.

Како што наведува овој весник и Емина му одговорила на Марко.

-Така е најдобро. Мораме да водиме сметка за децата и нивните емоции – пишува весникот.

Како што е познато нивната љубов траела неколку години и мислеле дека се судени еден на друг. Главна препрека била е вероисповеста. Како што таткото на Марко не прифаќал што Емина е муслиманка, така ни братотот на Емина не бил за тоа зет му да биде од друга вера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top