| четврток, 6 декември 2018 |

Манчев:Ни траг ни глас од ветените проекти на Заев за Струмица

Денес е сабота, пазарен ден во Струмица, но струмичани и сите граѓани од околните места кои традиционално доаѓаат на пазар во Струмица повторно беа на неуредениот пазар „Чешел”, на отворено, на рѓосани тезги и на овие пеколни жештини. Ветениот пазар од програмата на СДС во 2013-та година го нема, истакна Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но Зоран Заев за да привлече внимание кај гласачите вети уште нешто поинтересно, во програмата за избори 2013-2017, на стр.40, вети нова подземна сообраќајница токму на местово каде што се наоѓаме, која требаше да се протега до ул. Ванчо Китанов и тоа во проект кој требаше да биде готов до 2015-та година, со што требаше да се овозможи подобар проток на граѓаните, но наместо тоа како што може да забележите имаме неуредни контењери одамна неисчистени и од скоро време платен паркинг. Значи се овозможи отежнато движење како на граѓаните така и на автомобилскиот сообраќај.

Генијалните идеи, додаде Манчев, беа ветување на Зоран Заев.

-Во истата програма вети жичарница која треба да го  поврзува Струмица со Царевите кули, но замислете, не само тоа во Програмата  спрема ветеното во склоп на жичарницата требаше да има кафе бар, ресторант, па дури и продавница за сувенири. Напротив, немаме ништо од тоа, имаме узурпирани тротоари, присвоени зелени површини од големиот парк и многу проблеми што треба да се решаваат, потенцираше тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top