Сите на одмор од дома одиме со преполни торби со овошје и зеленчук и други продукти со цел на омилената летна дестинација да не трошиме многу пари за јадење и пиење. Сепак, има нешта кои е забрането да ги внесете, доколку не сакате цариниците да ви ги одземат.
Прописите во Грција, Црна Гора и Хрватска се речиси исти, па ова е листата на она што смеете да го внесете таму.
АКО ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА
5 килограми свежо овошје или зеленчук
макарони, леб, кекс
4 литри вино
12 литри пиво
1 литар жесток пијалак со повеќе од 22 посто алкохол
2 килограми млеко во прав за бебе
АКО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА
кафе и чаеви
5 килограми свежо овошје и зеленчук
1 кг сушено овошје
5 литри флаширана вода
1 кг конзервирана храна
5 литри сокови
АКО ОДИТЕ ВО ХРВАТСКА
5 килограми свежо овошје и зеленчук
леб, кекс
2 кг млеко во прав за бебе
5 литри вино
16 литри пиво
2 литри алкохолни пијалоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.