| четврток, 6 декември 2018 |

Ни Меланија не ги раздели Путин и Трамп-хемијата меѓу претседателите била многу силна!

Меѓу американскиот и рускиот претседател на самитот на Г20 се развила „позитивна хемија“ и ниту еден од нив не сакал да ја прекине, рекол на новинарите американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Една од темите на состанокот на двајцата лидери  во Хамбург, била, според неговите зборови и темата за санкциите.

Тилерсон соопштил дека состанокот бил многу конструктивен.

-Двајцата лидери се разбраа многу брзо. Јасно е дека меѓу нив постои позитивна хемија- рекол тој и додал дека во некои моменти во просторијата влегувала дури и првата дама на Америка, Меланија, како би пробала да ги убеди да го завршт разговорот, но не успеала во тоа.

-Нивото на посветеност на размена на мислењата бил таков што ниту еден од нив не сакал да се запре. Луѓето ѕиркаа низ вратата во просторијата за разговор. Во некои моменти дури ја упатуваа и Меланија да ги извлече оттаму. Очигледно не успеа во тоа – рекол државниот секретар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top