| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Сакаат да ја поделат Македонија на три дела и македонскиот народ да го окарактеризираат како геноциден

Во вчерашната емисија Отворено студио, на телевизија ТВ Нова, гостуваше професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија, Љубиша Георгиевски. Според Георгиевски Владата во Република Македонија е поставена од странскиот претставник и дека сето она што се случувало изминатиот период било договарано само од еден Центар, посочувајќи ја Европската Унија односно тоа се истите тие луѓе кои ветуваат влез на Македонија во Европска Унија, а припосета во другите соседни земји кажуваат дека е можен брз влез во ЕУ најрано за 30-тинагодина. Георгиевски, го потенцираше и фактот дека единствена цел е да се подели Македонија на три дела, да се окарактеризира македонскиот народ како геноциден народ, да се кастрира македонскиот идентитет и историјата.

-Ова е чиста политичка ликвидација – Ако два тима играат фудбал, и едниот тим едноставно не може да даде гол а судијата свири пет пенали, тогаш не е вината во фудбалерите, вината е во судијата. Европа што прави со нас, кадија те суди-кадија те тужи, она решава. Сега се испоставија три списка, да ги земем да ги анализираме списковите. Список на желби – Тиранската платформа, која се поентира ништо повеќе дека сме геноциден народ, да се договориме ако сме геноциден народ, јас ќе гласам да се уништи тој народ, мразам геноцид. Другиот список е Грчки,тој список за четврт век не се променил, исти е. Третиот список е Бугарскиот кој јас одлично го знам зошто бев таму. Ако ги споредите тие три спискови најмалку педесет посто има исти тези. Исти тези имаат списковите тоа значи се правени од еден центар. Јас ќе ви кажам професионално, дајте ми три пиеси, јас ќе ви кажам овие две се од еден автор, другата е од истиот автор. Македонија треба да се обезглави и од тие списоци е јасно. Сакаат да не кастрираат од историјатаа тоа значи да не кастрираат од идентитетот и сакаат да воведат овде режим. Секој кој е Македонец да лежи. Така лежеа и Методија Андонов –Ченто, Панко Брашнаров и сите тие Македонци лежеа, а сега треба да се рестарвира тоа. Тоа е обична рестарвација, изјави поранешниот амбасадор.

Георгиевски потенцираше дека кога бил во Бугарија за добро утро било дека македонската и бугарската историја е заедничка, објаснувајкии дека и македонскиот и бугарскиот народ се два субјекта, поради што глаголот заедничка подразбира две страни. По извесен период истакна дека не атакуваат како заедничка историја туку како иста , а во тоа имало огромна нијанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top