Севернокорејскиот режим започна да се спроведува во Македонија со блокирање на критичките медиуми на „Илинденска“. Сакајќи да им создаде привид на радост и благосостојба на вработените во Владата, севернокорејскиот диктатор го забрани пристапот до медиумите кои информираат и за другата страна на животот – онаа реалната. Во меѓувреме, Соросовите портали беспрекорно функционираат.
Иако Заев се удираше в гради дека критиката и слободата на медиумите му се најважни од сѐ за да одржи здрава власт, се покажа дека и тоа било една голема лага од широкиот спектар лаги на македонскиот Ким Јонг-Ун. Во Владата е блокиран пристапот до Курир, Дудинка, Инфомакс, ТВ Нова, Јавно.
Со ова Зоран Заев и СДСМ демонстрираат каква демократија практикуваат кон медиумите кои Заев ги нарече „најголеми политички непријатели на СДСМ“. Доколку од Владата некој се обиде да го отвори сајтот на Курир, ТВ Нова, Јавно, Инфомакс или Дуднка, тогаш ќе добие порака дека пристапот е оневозможен, односно блокиран, за што потврда се овие фотографии.
Курир побара коментар од Владата за очигледната блокада на овие критички медиуми, но генералниот секретар Драги Рашковски кратко одговорил дека „информацијата не е точна“.
Дали е навистина така, уверете се од фотографиите.
–Оваа влада имала и ќе има коректен однос кон сите физички и правни субјекти во РМ. Информацијата не ви е точна, изјавил Рашковски за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.