„Клетвите“ против ЛГБТИ заедницата на левата рака на Заев во партијата Мухамед Зекири ја отвори пандорината кутија и создаде хаос во до вчера „големата љубов и разбирање“ меѓу социјалдемократите и хомосексуалната заедница во Македонија.
По јавно искажаниот верски фанатизам на Зекири, јавноста од партијата бара да се произнесе дали е тоа и нејзиниот став; но и дека потпретседател на една партија и пратеник не може во јавност да шири говор на омраза и хомофобија.
Откако на Мухамед Зекири преку медиумскиот клан на Заев не успеа да се „испере“, сега директно се обрати кон оние кон кои „фрлаше клетви“.
„Добронамерна порака до ЛГБТИ заедницата.
Гласајте за партија каде еден човек мисли за сите други и никој не смее да мисли различно од него и да искаже сооствен став.
Јас сум и ќе останам Мухамед Зекири кој има право и секогаш кога ќе има потреба ќе искажува сопствено мислење и став и тоа е придобивка на демократијата и слобода на говорот.
Мислете и имајте различен став од мојот тоа е ваше право, но јавен линч кон мене вам ќе ви наштети не мене!!!“
И Кирацовски, како генерален секретар во партијата каде Зекири е потпретседател се обиде да се „извади“ на личен став. „Ние како партија не го делиме тоа мислење со Зекири и ги гледаме сите аргументи пред да донесеме партиски одлуки, тоа е негово лично мислење“, вели Александар Кирацовски.
Ивор Мицковски, поранешен висок партиски претставник, реакциите и на поранешната негова партија и на Зекири ги „начека“ во негов познат стил.
-За Зекири
„Нема личен став ако ставот ти е моронски и не исполнува минимум предуслови да се наречен слободен, здраворазумски толерантен или пак што има обзири кон другите. Второ не е лилчен став став што се базира на религиска догма. Тоа е став ослободен од здраворазумска слобода, изграден и моделиран преку наметнати или самостекнати социјално-општествени, културни религиски рамки. Така, олабавете со такви лични ставови, бидејќи не се.“
-За партијата
„Вау Вау, најјаката теза до сега што изкочи гласи: СДСМ е демократска партија, Зекири има слободен став.
Ниту е првото, ниту е второто, contradictio in adiecto, пошто не можеш да користиш демократска група за да оправдаш висок недемократски член, ниту пак висок недемократски член дека придонесува за демократски колективитет. Притоа мајндфакот е дупли, оти ни групата, ни персоната не се демократски ориентирани.“
Софија Теодор, јавна личност припадник на заедницата на удар од Зекири, со кого е и сопартиец, јавно повика дека ако не може Заев, американската амбасада да ги координира членовите во партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.