Потпретседателот и пратеник на владеачкиот СДСМ, Мухамед Зекири, го осуди насилничкото однесување на високиот функционер Бекир Асани од коалицискиот ДУИ, кој нападна полицајка и го навреди претседателот на Здружение на новинари на Македонија, Насер Селмани, кому брат му и му се закани.
„Времето на насилниците од ДУИ е завршено и секој кој ќе го прекрши законот ќе биде повикан на одговорност“, изјави Зекири во интервју за порталот „Алмакос“.
Според него, Албанците во структурите на СДСМ не се маргинализирани и на нив не се гледа со непријателство, туку ја зајакнуваат својата положба во партијата.
„Албанците во СДСМ не се марионети за еднократна употреба“, вели заменикот на лидерот Зоран Заев во партијата.
Тој ги отфрли обвинувањата од претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој се пожали на пратениците на СДСМ околу прегласувањето на Законот за употреба на јазиците.
„За законот на јазиците гласавме двапати и, исто така, ќе гласаме и по трет пат, но тоа мора да биде направено со почитување на Деловникот за работа“, нагласува Зекири, според кој законот нема да биде прилагоден заради задоволување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие се убедени дека тој е во согласност со Уставот.
Во врска со разговорите со Грција за разликите за името Зекири изјави дека СДСМ бара решавање на ова прашање за да се овозможи членство на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.