Шпанскиот јавен обвинител побарал од Врховниот суд на зетот на царот Фелипе и сопругот на неговата сестра Кристина, Инаки Урдангарин, му биде изречена казна од 14 ипол години затвор за финансиска измама и даночно затајување.
Урдангарин во февруари беше осуден на шест години и три месеци затвор и парична казна од половина милион евра, откако се докажа дека проневерил шест милиони евра од јавните фондови.Неговата сопруга, принцезата Кристина, беше ослободена од обвиненијата за проневера на пари, но беше казнета со 265.000 евра бидејќи, како што се истакна, имала граѓанска одговорност да го спречи нејзиниот сопруг да го крши законот.
Јавниот обвинител во жалбата навел дека на Урдангарин му е изречена несоодветна казза кривичното дело кое е докажано и поради тоа бара многу построга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.