Божидар Димитров, директорот на Националниот историски институт во Бугарија во емисија на бугарската телевизија БТВ, „Оваа утро“ рече дека македонската нација е создадена од Сталин, по барање на Димитров.
Запрашан дали постои или не македонскиот јазик тој изјави
– Дали постои или не постои еден јазик одлучуваат лингивстичките институти. Само во тоталитарни држави. Другарот Сталин на пример, можеше да ги признае белорускиот јазик, украинскиот јазик, молдовскиот јазик и други измислени јазици. Тоа го кажа на Георги Димитров кој изразил сомнение дека може да се создаде македонска нација, кога го зазема тој став и Сталин му рекол, ајде бе ние создадоvме белоруска, украинска и молдовска нација, па македонска ли неможеме да создадеме, два илиони народ, знаете тогаш беа помалку и од два милиони- рече Димитров.
Ваквите изјави во бугарските националистички кругови зачестија откако Заев во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС, изјави дека македонскиот и бугарскиот народ се исти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)