| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Македонската нација е создадена од Сталин(видео)

Божидар Димитров, директорот на Националниот историски институт во Бугарија во емисија на бугарската телевизија БТВ, „Оваа утро“ рече дека македонската нација е создадена од Сталин, по барање на Димитров.

Запрашан дали постои или не македонскиот јазик тој изјави
– Дали постои или не постои  еден јазик одлучуваат лингивстичките институти. Само во тоталитарни држави. Другарот Сталин на пример, можеше да ги признае белорускиот јазик, украинскиот јазик, молдовскиот јазик и други измислени јазици. Тоа го кажа на Георги Димитров кој изразил сомнение дека може да се создаде македонска нација, кога го зазема тој став и Сталин му рекол, ајде бе ние создадоvме белоруска, украинска и молдовска нација, па македонска ли неможеме да создадеме, два илиони народ, знаете тогаш беа помалку и од два милиони- рече Димитров.

Ваквите изјави во бугарските националистички кругови зачестија откако Заев во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС, изјави дека македонскиот и бугарскиот народ се исти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top